Регион

ЌЕ СЕ РЕШИ ЛИ КОНЕЧНО ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГ НА ЛЕКОВИ НА РЕЦЕПТ

Проблемот со недостиг од лекови на рецепт во аптеките во текот на месецот, што се провлекува со години наназад, поради што граѓаните не може да подигнат лек на товар на Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство ќе го решава со проширување на мрежата. Ова денес го најави министерот за здравство Венко Филипче, пред почетокот на 41. пленарен состанок на здравствената мрежа на земјите од ЈИЕ за работата на здравјето во регионот на ЈИЕ.

Само годинава ФЗОМ во повеќе наврати дополнително ги зголемуваше квотите на аптеките, бидејќи по одреден датум во месецот поголем дел од нив ги трошеа квотите и граѓаните не можеа да подигнат лек на рецепт.

„Од 1 јануари 2020 година сите аптеки кои се надвор од мрежата ќе може да влезат во мрежата на Министерство за здравство и да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување. Со ова сметаме дека овие дваесетина проценти од вкупниот број на аптеки во нашата држава значајно ќе придонесат до зголемено снабдување со лекови до сите граѓани во нашата земја, а со тоа да се надмине недостатокот на лекови, кој се јавува до одреден датум во месецот“, рече Филипче.

Препорачуваме:

СТРУМИЦА ПОВТОРНО ДОМАЌИН НА ВРВНИТЕ СВЕТСКИ ГОТВАЧИ

Стојне Митева

Премиера на Гронхолм метод по текст на Жорди Галсеран во струмичкиот театар

Лазо Кутуровиќ ги донираше парите собрани од Водици