Регион

5,5 километри нов асфалт ќе добијат жителите од Николиќ.Патот кој ќе ги поврзува со клучката пред Дојран ќе биде готов за 2 месеци.

Општинските власти велат дека новиот пат е повеќен од потребен на локалното население не само за локалниот интерес и полесен пристап до поголемите урбани средини ,но се надеваат дека ќе се врати стариот сјај на крајбрежјето токму во селото.Полесниот приастап до него ќе овозможи подигање на локален туризам.

После речиси цела деценија село Николиќ се поврзува целосно со нов асфалт од селото до клучката кај Дојран.Министерството за транспорт и врски по направениот увид за состојбата на стариот и дотраен асфалт минатата година, издвои буџет со кој треба целосно да биде асфалтиран токму регионалниот пат Николиќ -Дојран.

Новиот асфалтен пат Николиќ- Дојран според првичниот тек на реализацијата тревба да биде годот за речиси 2 месеци.Министреството за транспорт и врски одвои 1,1 милион евра.

Препорачуваме:

Во Струмица ќе се презентираат македонски народни носии со мелос од народни инструменти

Ване Трајков

Видео: Црвен крст Струмица привлекува нови волонтери

Сузана Мицева

Дојран полн за велигденско-првомајските празници

Сузана Мицева