Регион

511 слободни места во трите средни училишта во Струмица

По двете пријавувања и запишувања во месец јуни и едно пријавување во месец јули, во трите средни општински училишта останаа 511 слободни места.

Во тригодишното образование, во СОУУД „Димитар Влахов“ во земјоделско-ветеринарната струка, за образовниот профил поледелец нема пријавено ниту еден ученик, односно има 34 слободни места. Во хемиско-технолошката струка, за образовниот профил пекар, има 27 слободни места.
Во четиригодишното образование, во СОУУД „Димитар Влахов“ има 100 слободни места во образовните профили: агротехничар, техничар за фитомедицина, техничар за агроменаџмент и прехранбен техничар.
Во СОУ „Јане Сандански“ има 135 слободни места, а во СОУ „Никола Карев“ има 212 слободни места.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 26 август 2019 година за што доставуваат доказна документација.

Препорачуваме:

Вчера официјално започна реконструкцијата и уредувањето на поројот „Крушевска Република“

Започна официјалната посета на претседателот Пендаровски на Црна Гора

Законот за легализација на дивоградбите продолжен за уште пет години

Стојне Митева