Регион

42-та Седница на Советот на о.Василево

На денешната 42-та Седница на Советот на општина Василево, советниците ги усвоија сите 13 точки од дневниот ред меѓу кои беа и Кварталните извештаи за реализацијата на Буџетот на општина Василево за периодот 01.01.2016 до 31.06.2016 година.

Со мнозинство од осум гласови „за“, донесени беа и Правилникот  за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево.

Советниците  имаа усогласен став во однос на останатите точки од дневниот ред, така што без дискусија беа усвоени и Годишниот  извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2015 година,  одлуките за доделување финансиски средства на  Ракометната федерација на Македонија, црковниот одбор на црквата Св. Тројца во Добрашинци и за организација на фестивалот за народни игри и песни Св.Петка, с. Ангелци.

 

Препорачуваме:

Претрес во дојранско, пронајдена марихуана, приведени две лица

Ѓ. K.

Земјава доби половина милион евра грант од ЕУ за борба против африканска чума

Стојне Митева

Повреден мотоциклист кај Раклиш радовишко

Ване Трајков