Македонија

411 делегати присутни на Конгресот на Вмро Дпмне

Верификационата комисија на 16. вонреден Конгрес на Вмро Дпмне потврди дека присутни се 411 од вкупно  запишани делегати. На Конгресот ќе се избере нов претседател на партијата, а единствен кандидат е Христијан Мицковски.

Пред почетокот на Конгресот Мицковски рече дека се надева да дојдат потребниот број делегати. Тој изјави дека има подадена рака но и отворена прегратка за сите поранешни функционери од партијата, особено за оние кои што не се присутни на Конгресот. Тие според него се исклучителни луѓе кои дале голем придонес за партијата. Мицковски додаде дека партијата е отворена и за сите луѓе и добронамерници, бидејќи последните седум месеци Сдсм ја водела државата со закани, уцени и без идеи.

И досегашниот претседател Никола Груевски даде изјава во којашто рече дека важно е да се донесат мудри одлуки, бидејќи треба да се сруши политичкиот опонент Сдсм.

Препорачуваме:

Бугарско МНР: Подготвени сме да го потпишеме Протоколот според член 12 од Договорот со Македонија

Сузана Мицева

ДИК верува дека нема да ги има гужвите и недоразбирањата од првиот изборен круг

Ване Трајков

Заев: Ќе потпишеме 10 нови договори со Бугарија