• Sat. May 18th, 2024

33 крводарители даруваа крв во акцијата на Црвен крст Струмица

ByЃ. K.

Oct 18, 2023

На ден 18.10.2023 година, ОO на Црвен крст Струмица во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина организираше крводарителска акција со вработените во СВР Струмица.

Акцијата се одржа во просториите на СВР Струмица од 09:00 до 14:00 часот. Крв даруваа 33 крводарители.

Со крводарителските акции се реализира заложбата за заштита на животната средина. Ситните подароци кои ги добиваат крводарителите се во насока на намалување на користењето на амбалажата за еднократна употреба.

By Ѓ. K.