• Mon. May 13th, 2024

Победниците на глобалниот хакатон „NASA Space Apps Challenge“ во кабинетот на градоначалникот Костадинов

ByЃ. K.

Oct 18, 2023

Градоначалникот Костадинов денес во својот кабинет изврши прием за учениците – добитници на награди на глобалниот хакатон „NASA Space Apps Challenge“, поддржан од страна на вселенската агенција НАСА, кој неодамна се одржа во Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во нашиот град.

„Им честитав на учесниците за освоените награди посакувајќи им понатамошни успеси, како и на организаторите од СОУУД „Димитар Влахов“, а тие ме запознаа со белезите и текот на одржаниот натпревар, споделувајќи ги со мене нивните импресии од истиот“, истакна градоначалникот.

Инаку, Струмица, со повторното учество на овој хакатон, беше дел од глобалната мапа на која се наоѓаат над 160 земји учеснички, а Општина Струмица и овојпат финансиски го поддржа неговото одржување.

By Ѓ. K.