• Tue. May 21st, 2024

26-годишен струмичанец приложил фалсификувана возачка дозвола на Табановце

ByЃ. K.

Mar 30, 2024

Вчера во 13:15 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, полициски службеници констатирале дека Ж.И.(26) од Струмица на увид приложил фалсификувана полска возачка дозвола.

Возачката дозвола била одземена за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.