• Tue. May 14th, 2024

Се одржа третиот Меморијален турнир во пинг-понг „Кире Велков“ 2024

ByЃ. K.

Mar 30, 2024

Денеска во спортската сала на СОУУД „Димитар Влахов“, во организација на Пингпоингарскиот клуб „Астраион Мега Спин“ од Струмица, се одржа третиот Меморијален турнир во пинг-понг „Кире Велков“ 2024.

Турнирот за отворен го прогласи членот на Советот на општина Струмица Александар Ненчев кој на гостите, учесниците и организаторите им ги пренесе поздравите од градоначалникот Костадин Костадинов, посакувајќи им успешно издание на турнирот. Тој во своето обраќање меѓу другото истакна:
„Струмица треба да биде горда на фактот дека вистинските вредности во спортот не се забораваат. Како резултат на тоа, познатиот спортски работник и пасиониран поклоник на пинг-понгот, Кире Велков, и покрај четиригодишното отсуство од земскиот живот и пингпонгарските табли, продолжува да живее преку овој турнир, благодарение на почитта и спомените на неговите ученици – пингпонгарки и пингпонгари, кои, во улога на организатори, се дел од пингпонгарскиот клуб „Астраион Мега Спин“. Кире Велков ја заслужи таа почит“.

На турнирот учествуваа 70-тина пингпонгарки и пингпонгари од Грција, Бугарија и Македонија кои се натпреваруваа во четири категории, а покрај предвидените медали за најдобрите, беа доделени и плакети за првата генерација струмички пингпонгарки од далечната 1981 година.

By Ѓ. K.