• Sun. May 12th, 2024

26-та Републичка детска средба ,,Цвеќе,,

 

Цртање, боење, аранжирање на разни цвеќиња, изложба на слики изработени од страна на младите основци, беа дел од 26-тиот Републички натпревар на детски средби насловен како „Цвеќе„. Децата од 17 општински основни училишта, меѓу кои и Гевгелија, Стојаково и Берово денес во Домот на Арм во Струмица, се натпреваруваа во сликање на разни цвеќиња.

Манифестацијата се одржува традиционално секоја година, а истата се реализира во три етапи. Организатор е Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, од Струмица,

Покровители на овој настан се Градоначалникот и Советот на Општина Струмица.