Регион

20 новосоздадени македонски композиции на реномираниот фестивал за народна музика Фолк фест Валандово

37. издание на реномираниот фестивал за народна музика Фолк фест Валандово ќе се одржи на 26-ти мај во фестивалската сала „Јанко Узунов“, а на фестивалската сцена ќе бидат исполнети 20 новосоздадени македонски композиции.

Пред главната натпреварувачка вечер на фестивалот, ќе се одржат две воведни вечери на Градскиот плоштад на 24-ти и 25-ти мај, на кои ќе настапат домашни музички гости.

На 24-ти мај (петок), присутните ќе ги забавуваат Перо Христов, Драган Мијалковски и Влатко Лозаноски, а наредната вечер, на 25-ти мај (сабота), ќе настапат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд, Ареа и Кирил Џајковски.

Фестивалот со децении наназад е расадник на музички таленти, и голем број на изведувачи на народната музика токму таму ја започнале својата музичка кариера. Голем број од песните пак, кои во годините наназад беа промовирани на валандовската фестивалска сцена, станаа евергрини кои се вртат во етерот и без кои не поминуваат забавите и свеченостите во земјава. Токму поради тоа, фестивалот го носи епитетот на национална гордост, македонски идентитет и бренд на Валандово, на чија бина во минатото продефилираа многу познати музички имиња не само од земјава, туку и од поранешните Југословснски републики.

Концептот на манифестацијата доживеа измени во последните неколку години, со цел модернизирање и воведување на новитети. Дел од измените е и одржувањето на музичките настани, за време на двете предфестивалски вечери, како најава за официјалната фестивалска вечер, кога ќе се изведат новосодадените композиции.

И годинава манифестацијата ќе ја води познатиот водителски тандем, прекрасната Ирена Спировска и нашиот сограѓанин Ѓорги Калајџиев.

Препорачуваме:

Во рамките на Св. Спасо радовишки се организираше дефиле на близнаци

Ване Трајков

Планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Сузана Мицева

Проекции на филмови во EU House Струмица

Сузана Мицева