Регион

19 годишно момче од Струмица утрово загина во сообраќајна незгода кај Дабиле.

Рано утрово во 3 часот на патот Дабиле-Петралинци 19 годишно момче го загуби животот во тешка сообраќајна незгода а возачот кој управувал со ПМВ се здобил со тешки телесни повреди.Автомобилот со марка „ГОЛФ 4“ бил управуван од 33-годишен струмичанец кој од засега непознати причини излетал од мостот кој ги поврзува овие две населени места и паднал во каналот.Од силниот удар кога автомобилот излетал од мостот момчето на совозачкото место починало на лице место.Поради отежнатиот пристап по пристигнувањето на увидните екипи и итната медицинска помош на местото на настанот пристигнале и противпожарната единица кои ги извадиле телата на лицата во автомобилот но и целосно оштетениот автомоби.

Неофицијално дознаваме дека увидните екипи од СВР СТрумица и Јавен обвинител се сеуште на местото на настанот.

Подетални информации за настанувањето и причини на сообраќајната несреќа се најавени во текот на денот.

Препорачуваме:

Едно лице позитивно на Ковид 19 почина на инфективно одделение во струмичката болница

Стојне Митева

Користеле фалсификуван жиг: приведени дрвокрадци од радовишко

Ѓ. K.

Еуромакс : Проектот за бакар и злато во Иловица-Штука е пример за современо, безбедно и одговорно рударство