Регион

Работилница „Модерно и квалитетно производство кај градинарите во с.Банско, Муртино и Робово“


Синоќа во Банско се одржа работилница на тема „Модерно и квалитетно производство кај градинарите во селата Банско, Муртино и Робово“ во рамки на проектот што го спроведува Проагро фармери.

-Денешниот настан е дел од проектот “Модерно и квалитетно производство кај градинарите во с.Банско, Муртино и Робово”

Имено, главната цел ни е „ Воведување на  нови технологии и знаења за  квалитетно и здраво градинарско производство кај градинарите преку искористување на тековните програми и фондови ( ИПАРД ) за нови инвестиции.

На денешната трибина ке бидат презентирани можностите за органското производство во градинарството како основа за здрава храна, односно кој се предуслови треба да се исполнат за добивање на сертификат за органско производство, рече проект менаџерот Борче Јанев.

Земјоделците се запознаа  и со  начинот на аплицирање за тековните програми и ИПАРД фондови кој се наменети за подршка на земјоделските производители и кој услови и документи се потребни, а исто така се запознаа и со улогата на подобрувачите на својствата на почвата, како еден од најважните фактори за квалитетно и здраво градинарско производство.

-Проектните активности од проектот вклучуваат повеке работилници и обуки и тоа :

          -Работилници за воведување на нови и модерни технологии за производство

          -работилници за начинот на користење и потребните документи за тековните програми и ИПАРД фондови кој се наменети за подршка на земјоделските производители

          -работилници за значењето на испитувањето на квалитетот на почвата.

          -работилници за примената на Органското производство во градинарството

– потоа ќе вршиме и директи советодавни посети на терен со агрономи експерти се со цел за добивање на квалитетни градинарски производи и остварување на стабилни земјоделски приходи кај фармерите.

И на крајот од проектот, некаде околу почетокот на септември ќе организираме голем АГРО саем на кој ќе бидат присутни сите овластени дилери на земјоделска механизација, ќе биде презентирана нова механизација за обработка на земјиштето,  потоа ке имаме презентирање на нови видови на семињa, ѓубрива и заштитни средства и се разбира ке имаме изложувачи на здрави и квалитетни градинарски производи, вели Јанев.

По завршувањето на проектот околу 100тина  фармери ќе започнат со примена на нови технологии за добивање квалитетни и здрави производи.

-Очекуваме да се зголеми интересот и искористеноста на ИПАРД фондовите во таргетитаните села па и во цела општина, а исто така очекуваме и да го зголемиме интересот за органско производство. Убедени сме дека токму резултатите од проектот ќе бидат и добра практика и за останатите земјоделски  региони како и на кој начин  да ги надминуват и решаваат проблемите во земјоделието, а на тој начин пак ке придонесиме за зголемување на земјоделските приходи кај фармерите, вели Јанев.

Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија , а е спроведувана од УНДП.

А со свои средства во проектот учествува и Општина Струмица.

Препорачуваме:

Тешко повреден мотоциклист во близина на Белотино

Ѓ. K.

Приведени тројца крадци од Радовиш, фатени на дело

Ване Трајков

Жена спасена од пожар во Струмица

Dimitar Micev