• Fri. May 17th, 2024

Ќе се реконструира ,,Првомајска“ во Валандово

Вчера во Валандово, градоначалникот, Перо Костадинов, заедно со Сафет Ватиќ, претсавник на фрирмата „ВАТО ДОО – Студеничани“, го потпишаа договорот за реконструкција на дел од булеварот „Првомајска“ Валандово.По предходно објавениот оглас за достава на тендерска документација која според начелата требаше да се отвори и избере по електронски пат општината како најрелевантен ја одобри понудата на оваа охридска компанија.

„Целта на договорот е поправка на оштетениот дел од булеварот и овозможување поголема безбедност за сообраќајните учесници“, напиша на „Фесјбук“ градоначалникот на општината. Средствата ги обезбеди Европската Унија преку ИПА претпристапните фондови.

Засега нема инфомации кога ќе се отпочне со реконструкција на оваа учица која е и главна артерија и поврзува магистрален пат.Од општината нема информација ниту кој е крајниот рок за изведба ниту колку пари ќе добие охридската компанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *