• Sun. May 19th, 2024

Ќе има нов бран отпуштања од октомври, најавува претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија

Ќе има нов бран отпуштања од октомври, најавува претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Ангел Димитров, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, очекува од октомври да има нов бран на отпуштања во македонското стопанство.

Државната помош за исплата на плати за февруари и март беше само за да се преброди кризата до август. Сега веќе неизвеснота е толку голема што не знаеме понатаму колку работа и нарачки ќе има од Европа, вели Димитров во вестите на „Сител“.

Тој ја повика власта да формира уште еден пакет со поволни економски мерки наесен. Во изминатиот период поради ковид-кризата имаше 30 отсто отпуштања во текстилната, а 60 отсто во кожарската индустрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *