• Sun. May 19th, 2024

Казината и обложувалниците против предлог-законот за игри на среќа

Казината и обложувалниците против предлог-законот за игри на среќа

Дел од менаџерите и вработените им порачаа на пратениците да не го гласаат предложениот Закон за игри на среќа. Доколку дојде до тоа и стапи во сила решението за дислокација на казината и автомат-клубовите од градските средини, нивната индустријата ќе крахира, се жалат од овој сектор. Тие сметаат дека обврската, објектите да бидат 500 метри оддалечени од образовни институции е чист популизам.

Не е точно дека малолетниците ќе бидат повеќе заштитени ако автомат-клубовите се дистанцираат на 500 метри од образовните објекти. Ваквиот концепт е целосно промашен и претставува предизборен популизам. Малолетниците пешачејќи или превезувајќи се до училиштето каде посетуваат настава, повторно ќе мора да поминуваат покрај објектите каде се организираат игри на среќа, рече Горан Стојменов, Асоцијација за игри на среќа.

Директно вработени во овој сектор има 10 илјади лица, но според информациите, индиректно се вклучени од 50 до 100 илјади вработени соработници, добавувачи и слични дејности од кои зависи целата индустрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *