Регион

Ќе добие ли струмичкиот регион еколошки прифатлив систем за наводнување?

Дали струмичкиот регион ќе добие мал нискотрошковен, еколошки прифатлив систем за наводнување, ќе се знае откако експертите од Европската унија наредните месеци ќе мапираат 6- 8 локации на кои со европски пари ќе се градат овие системи. Денеска почна со реализација проектот, кој, според министерот за земјдоелство Љупчо Николовски, треба да ја зголеми конкурентноста на земјоделскиот сектор и да придонесе за максимално искористување на природните ресурси.

Според Николовски, состојбата со системите за наводнување во Македонија не е на завидно ниво, а со Националната програма за земјоделство предвидено е во наредните 15тина години да се реши наводнувањето на  250 илајди хекатри земјиште.

Проектот ќе чини околу 1,7 милиони евра и ќе трае 2 години и четири месеци ,а е финансиран од инструментот за претпристапна помош (ИПА) на ЕУ.

 

Препорачуваме:

Најмладите од Богданци се организираа за да му помогнат на другарчето Игор кое има тумор на мозокот и апелираа за донации

Климатските промени лоши за земјоделството

Хелсиншки: Половина од жените се надвор од пазарот на труд

Стојне Митева