• Sun. May 19th, 2024

Јовановски: Пресудата е политичка, а ќе ми го продолжите притворот бидејќи така ви е наредено

 

Осудениот Бојан Јовановски деновиве најави дека ќе достави кривични пријави против вистински сторители на кривични дела во Македонија, а на судијката Васка Николовска-Масевска и порача парите да ги бара од кај Зоран и Вице Заеви, а не кај него.

„ Донесовте политичка пресуда. Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски. Во однос на притворот, сметам дека е тенденциозен. Сите овие месеци е покажен и докажан од ваша страна дека не се работи за обелување на правосудниот систем, туку преку мојот притвор се покажа дека има сплеткани садови. Нема да се дадам во бегство, едвај го чекам први јули, едвај чекам да дозволите да отидам во Јавното обвинителство овие денови за сите вистински сторители на кривични дела во оваа земја. Знам дека ќе ми го продолжите притворот бидејќи така ви е наредено“, рече Јовановски.

Претходно, судечкиот совет донесе одлука да го осуди Јовановски на 9 години затвор.

извор: makfaks

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *