Регион

Јаневски: Локалната власт ја следи состојбата со загадувањето на воздухот

Локалната власт со внимание ја следи состојбата со загадувањето на воздухот во Струмица, рече на денешната седница на Совет, градоначалникот Коста Јаневски. На прашање на советникот од ВМРО ДПМНЕ, Александар Донев, Јаневски посочи дека одредени параметри се анализираат за да се добие вистинската слика и причинителите кои ги создаваат пиковите загадување.

Градоначалникот Јаневски истакна дека тенденција на Општината е, Струмица што побргу да ги елиминира потенцијалните загадувачи и да влезе во зелената еко зона.

Од локалната самоуправа неодамна информираа дека Инспектите за животна средина извршиле 19 контроли. Десет компании( најголем дел од текстилната и прехранбената индустрија) се задолжени во одреден рок да извршат мерења во соодветни и лиценцирани лабаратории за емисијата на штетни гасови во воздухот, по што повторно ќе бидат исконтролирани од страна на инспекторот за животна средина, а кај 9 правни субјекти не се констатирани неправилности.

Препорачуваме:

УХМР: Најмногу дожд наврна во Струмица

Нова атмосферска канализација на улицата „Атанас Караманов“

Стојне Митева

И во Гевгелија голем интерес за средно стручно образование

Сузана Мицева