Регион

Јаневски апелира да се почитуваат мерките против ширење на Ковид – 19

Струмичкиот градоначалник Коста Јаневски апелира граѓаните да бидат одговорни и совесни и да ги почитуваат мерките против ширење на коронавирусот. 

Еве го неговото обраќање до струмичани:

„Здравјето е нашето најголемо богатство. Да го цениме и чуваме сопственото, на нашите најблиски и на сите околу нас. Да покажеме поголема јавна свест и општествена одговорност почитувајќи ги препораките на релевантните институции за превенција од ширење на болеста КОВИД – 19. 

Јавното здравје е заедничка одговорност и секој од нас треба да го даде својот придонес со сериозно почитување на сите дополнителни препораки. 

  • Забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. 
  • Кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18.00 часот и капацитетот внатре да биде преполовен, значи да се задржи дистанцата од метар до два метра на луѓето коишто престојуваат таму.
  • Да се откажат сите кино-проекции, тетатарски претстави и концерти.
  • Се работи за нашето здравје. Ги повикувам одговорните лица во јавниот и приватниот сектор, угостителите, сите заедно да преземеме општествена одговорност и да покажеме дека здравјето ни е над се.  

Препорачуваме:

РАБОТНА СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РАДОВИШ СО ТЕТЕВЕН, БУГАРИЈА ЗА ПРОЕКТОТ ЕВРОПА ЗА ГРАЃАНИТЕ

Ване Трајков

Рок симфони од Битола вечерва го отвара музичкиот дел на Струмица опен фестивалот

Струмица догодина ќе добие„ Куќа за домување“ за жени-жртви на семејно насилство

Сузана Мицева