• Wed. May 15th, 2024

Шаховскиот клуб Цареви Кули оваа година воведува ЈУНИОРСКИ ГРАН ПРИ

ByЃ. K.

Jan 5, 2024

Оваа година, шаховскиот клуб Цареви Кули како новитет воведува и ЈУНИОРСКИ ГРАН ПРИ. Ќе бидат опфатени 7 турнири во текот на годината, односно оквирно на секои два месеци. На крај на годината ќе има МЛАДИНСКИ ШАМПИОНИ на Струмица, во две категории: деца родени 2013 и помлади и деца родени 2012 и постари.

Ќе се игра во Шаховски клуб Цареви Кули, Струмица, по швајцарски систем, во согласност со правилата на ФИДЕ за рапид шах. Темпо: 10 мин + 5 сек/потег. Краен рок за пријавување: 10 јануари, 2024

Услови: Важи за сите членови на клубот, а доколку има други заинтересирани, може да се зачленат во клубот.

Учеството на турнирот е бесплатно, а најдобрите ќе добијат медали! Посебно признание ќе добијат најдобрите девојќи во двете категории. Учесниците кои нема да се појават на два последователни турнири, ќе бидат дисквалификувани од турнирот. Поените ќе се акумулираат од сите 7 турнири и ќе важат во конечниот годишен резултат.

Првиот турнир е закажан за 17.01.2024.

By Ѓ. K.