Свет

Шарли Хебдо објави карикатура за терористичките напади во Белгија

На насловната страна на најновиот број на фрацускиот сатиричен неделник Шарли Хебдо, кој ќе излезе во среда, е објавена карикатура во врска со терористичките напади во Брисел, која, во најмала рака, нема да им се допадне на многумина.

Насловната страна е веќе објавена на фејсбук страницата на Шарли Хебдо. На неа се гледа познатиот белгиски поп-пејач Стормае како го пее својот познат хит “Papa ou t’es?”(тато каде си). Околу неговата глава се гледаат распарчани делови од тела кои одговараат „овде, овде, одве исто така“.

Во јануари минатата година, маскирани терористи влегоа во редакцијата на Шарли Хебдо и убија 12 лица членови на редакцијата и двајца полицајци. Врз нив беше извршен и бомбашки напад откако во 2011 година објавија карикатура на пророкот Мухамед.

На твитер веќе почнаа реакциите околу најновата насловна страна на Шарли Хебдо и многумина од луѓето ја изразуваат својата шокираност.

Во една порака се вели: „Како со хумор да реагираш на насловната страна на Шарли Хебдо за атентатите во Белгија? – Не можеме дури и да им пукаме во глава, тоа е веќе сторено“.

Препорачуваме:

Паднаа повеќе украински градови, Русите и сепаратистите напаѓаат од сите страни

Сузана Мицева

Жителите на Донбас: Ситуацијата е застрашувачка

Сузана Мицева

Хрватска бара сезонски работници

Сузана Мицева