Регион

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Денот на наставата на турски јазик

Јазикот, заедно со културата и традицијата, е белег на  себеспознавањето на етничките заедници и дел од идентитетот на народите.  Правото да се учи и изучува сопствениот јазик е едно од најсуштествените права на секој човек, без разлика каде живее, се вели од честитката на градоначалникот Коста Јаневски.

-На Турците кои живеат во општина Струмица, тоа право, заедно со правото да ги негуваат своите културни и традиционални вредности, им е целосно овозможено. Покрај застапеноста на турскиот јазик во образовниот процес на турските учениците од нашата општина, истиот се унапредува и збогатува со бројни проекти кои се редовно поддржувани од страна на Општина Струмица.  Поддршката и заложбите на тој план, ќе продолжат и во иднина, вели Јаневски.

Од мое лично име и од името на Општина Струмица, на сите наставници  и ученици кои изведуваат и посетуваат настава на турски јазик, им го честитам 21. Декември – Денот на наставата на турски јазик, стои во псимената честитка.

Препорачуваме:

Фото – Кој се наградените ученици од Димитар Влахов за својот труд на МАССУМ

Ратификувана Инстамбулската конвеција

И денеска редици пред банките во Струмица, за плаќање сметки но и за подигнување на парите од државната помош

Сузана Мицева