Регион

Црвен Крст Струмица доделува јубилејни признанија за крводарителите

По повод 17 Март, Денот на крводарителството Во P.C. Македонија Црвен крст Струмица традиционално им доделува јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати. 

Во таа насока, Црвен крст Струмица ги повикува крводарителите кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања во текот на изминатата 2023 година или кои не го подигнале признанието од минатите години, да се пријават во просториите на Црвен крст Струмица на ул. Коста Бозов бр.1, секој работен ден од 8-16 часот.

Пријавувањето е потребно да се изврши со приложување дарителска книшка во која се евидентирани крводарувањата, со што ќе се потврди бројот на крводарувања.

Крајниот рок за пријавување за овогодинешните признанија е 1 март 2024 година.

Признанијата ќе бидат доделени на пригодна свеченост во втората половина од месец март.

Црвен крст Струмица изразува огромна благодарност и почит кон сите крводарители, како и кон поединци, фирми и институции кои го помагаат развојот и унапредувањето на крводарителството во Струмица.

Препорачуваме:

Денис Мустафов нов директор на струмичката библиотека

Сузана Мицева

Ќе има ли наскоро во земјава лек за КОВИД-19

Во Гевгелија УЕФА-Футсал Лига на шампиони, домаќин КМФ Проект од Јосифово