• Tue. May 14th, 2024

Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица отвори своја веб-страница

ByЃ. K.

Feb 9, 2024

Сите тековни случувања во НУЦК „Антон Панов“ ќе можете да ги следите преку оваа платформа. На неа директно можете да пристапите преку www.nuckantonpanov.mk

Освен информациите за секторите кои работат во рамките на установата – Театарот, Уметничката галерија и Музичко-сценскиот сектор – поврзани со нивната дејност и нивниот историјат, овде секојдневно ќе можете да се информирате и за настаните што следуваат: театарски претстави, изложби, концерти, промоции и други настани од културата, збогатени со фотографии и видеозаписи.

Специјално за оваа веб-страница е изработено и ново лого на установата и тоа ќе се користи во сите најави на настаните кои ги организира Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица.

By Ѓ. K.