• Tue. May 14th, 2024

Тешка сообраќајка во Струмица – има повредени

ByЃ. K.

Feb 10, 2024

На 9.2.2024 во 19.45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на раскрсницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство- eдинство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.М.(20) од село Сачево, струмичко, и мотоцикал управуван од М.Д.(18) од село Седларци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

By Ѓ. K.