Регион

Цената на струјата останува иста

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да не ја зголеми цената по која граѓаните ќе и плаќаат на новата компанија ЕВН Хоум од наредниот месец. И покрај тоа што цените на светските берзи постојано растат, цената не се менува бидејќи на аукцијата завчера ЕЛЕМ понудила целосно да ги задоволи потребите на домаќинствата по цена од 34 евра за мегаватчас, што е за 15% поевтино од лани.

ЕЛЕМ лани остварил добивка од 29 милиони евра. Добрите резултати биле резултат на намалените трошоци во рудниците и позитивното работење на РЕК Битола. Инаку граѓаните ја зголемиле за 7% потрошувачката во часовите во кои важи евтината тарифа.

Ова е прва година како Регулаторната комисија за енергетика не ја утврдува цената на државната ЕЛЕМ. Откако од понеделник ќе проработи универзалниот снабдувач, за домаќинствата се ќе остане исто. Единствено сметките наместо на ЕВН, ќе и ги плаќаат на ЕВН Хоум.

Препорачуваме:

Температурните шокови лоши за земјоделството

Претрес во Струмица, пронајдени повеќе видови дрога, приведен дилер

Ване Трајков

ВИДЕО: Гевгелиската општина бара дополнителна финансиска поддршка да се опреми ковид-крилото