• Mon. May 13th, 2024

Хуманитарниот концерт „Од срце за Луна“ го наполни градскиот плоштад во Гевгелија

ByЃ. K.

Jul 24, 2023

Иако во денешно време е тешко да се зборува за алтруизам, сепак, алтруизмот постои. Хуманоста ја краси Гевгелија, а тоа се потврди преку големиот број граѓани, кои од се срце дојдоа на Градскиот плоштад во Гевгелија да го проследат Хуманитарниот концерт „Од срце за Луна“, во организација на Општина Гевгелија.

На концертот, граѓаните имаа можност да се забавуваат преку културно-уметничката програма, во која учествуваа: „Калинка 2023“, Драмската, Ликовната и Секцијата за изучување тапани при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Танцовото студио „Мистик“- Гевгелија, Здружението „Внимание“- Гевгелија и бендот „Небула“, а истовремено на штандовите на ОО Црвен крст – Гевгелија, како и на Национална алијанса за лица со посебни потреби- Гевгелија и ЈУМЦСР – Дневен центар за лица со посебни потреби- Гевгелија граѓаните донираат средства со купување рачни изработки од лицата со попреченост, како и да се засладат со домашните слатки производи од неколку дечиња кои несебично сакаат да и помогнат на Луна да се излечи.

Елена Поп-Костова, мајката на Луна, во своето обраќање изрази голема благодарност до градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и Советот на Општина Гевгелија, учесниците на хуманитарниот концерт граѓаните од општина Гевгелија, како и до сите домашни и странски државјани и фирми коишто покажувајќи ја хуманоста се заедно во битката за подобрување на здравјето на Луна.

  • „Ви благодарам на сите за сета досегашна поддршка и што покажавме дека хуманоста не ни е туѓа и дека сме си тука едни за други“, истакна Елена Поп-Костова.

By Ѓ. K.