• Tue. May 21st, 2024

Костадинов: Богатството на Струмица се сите населени места

ByЃ. K.

Jul 24, 2023

Градоначалникот Костадин Костадинов и општинската администрација периодов се фокусираат на подобрување на условите за живот во населените места.

  • „За овој општински проект одвоивме близу 10 милиони денари за ревитализација, реконструкција и рехабилитација на детските и спортските игралишта и на парковите“, истакна Костадинов.

Градоначалникот и општинската администрација денеска извршија увид во работите во населеното место Просениково каде што се врши реконструкција на трите паркови. На барање на граѓаните се решава и проблемот со атмосферската канализација со што при обилни дождови повеќе нема да се собира водата во центарот на селото.

Со овој проект ќе се реконструираат зелените површини и во населените места Дабиле, Куклиш, Рич, а во Сачево веќе се започнати дел од градежните активности кои ќе траат до крајот на годината.

By Ѓ. K.