Свет

Хрватско „не“ ​​за Америка: нема да потпише изјава против „Хуавеј“

Официјален Загреб ќе заземе иста позиција како и Рим, кој порача дека ќе биде внимателен кога ќе ја развива 5Г-технологијата.

Хрватска на денешната средба со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во Дубровник, нема да потпише заедничка декларација со САД за безбедноста во користењето на 5Г-мрежата насочена против кинескиот „Хуавеј“, туку ќе заземе ист став како и Италија и ќе ги прими на знаење предлозите на САД за „штетноста“ од користењето кинески технологии, пишува „Јутарњи лист“.

Главни две теми на неговата посета се избегнување на двојното даночење и укинување на визите за хрватските граѓани што патуваат во САД, а хрватската страна уверува дека потпишувањето на декларацијата не било планирано, ниту било наметнато од американска страна. Хрватска очекува Помпео да објави во Дубровник дека се исполнети условите за укинување на визите и за двојно даночење меѓу земјите, што е особено важно за ИТ-секторот.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

СЗО: Сѐ повеќе адолесценти во Европа имаат психички проблеми

Сузана Мицева

По неверојатниот раст лани, дали цените на храната и натаму ќе растат?

Сузана Мицева

Митараки: Грција не може да стане порта за влез на Авганистанците во ЕУ

Сузана Мицева