Свет

Холограмите и нивната употреба , голема придобивка за современиот живот

Напредокот на технологијата значи и подобрување на современиот начин на животот.Примената на холографијата може да го промени светот. да спаси човечки животи и да ги стимулира креативните и интелектуалните дебати.
Холограмите како еден од најиноветивните технолошки изуми, може да најде примена во повеќе области од животот.
Географската интелегенција е клучен дел од воената стратегија, а холографските слики се користат за подобро препознавање на воениот терен.
Така една америчка компанија, на американската војска и има доставено преку 13 000 3д холографски мапи од воени простори кои и биле од голема помош на војниците.
Холографијата исто така може да најде голема примена и во медицината, како алатка за визуализација на информациите за пациентите а со тоа ќе им биде од голема помош како на докторите така и на самите студенти.
Во последно време холограмите се користат и во уметноста каде некои уметници веќе како пионери воведуваат нов начин на претставување на уметноста а со тоа и доближување до самите љубители на уметноста.

Препорачуваме:

Цените на храната во август на највисоко ниво од почетокот на ширењето на коронавирусот

Корона – прогноза за 2021: Вирусот нема лесно да си оди

Сузана Мицева

Голем број земји се соочени со недостиг од респиратори

Сузана Мицева