Регион

Хидросистемот Ѓавато троши 60 илјади евра месечно за електрична енергија, а половина од водата што ја испумпува ја крадат локални жители за наводнување – министерството за животна средина призна дека има индиции за крадење вода

Користат вода од хидросистемот Ѓавото, а за тоа не плаќаат ниту денар. Огромна површина со најразлични насади се наводнува нелегално во Богданци, а досега нема никаква реакција ниту од раководството на хидросистемот, ниту од надлежниот инспекторат при Министерството за животна средина. Вработените, револтирани реагираат дека мора да се запре грабежот кој трае веќе седум години.

Николовски вели дека повеќе години алармира дека се краде вода од хидросистемот, но никој не одговорил на неговите посочувања. Последните две години речиси секојдневно се јавувал и во министерството за животна средина, но досега нема пуштено инспекција да провери колку вода се одлева во нелегалните приклучоци.

Од министерството за животна средина потврдуваат дека има индиции за нелегални приклучоци но требало да се достави известување до Државниот инспекторат за животна средина кој е надлежен да го испита случајот.

За испумпување на вода, хидросистемот Ѓавото користи електрична енергија. Месечните сметки за струја на ова претпријатие се движат помеѓу три ипол и четири милиони денари.

Раководителот на хидросистемот Ѓавото, Јован Попов, не беше достапен за коментар. Тој е истиот раководител кој до лани буквално живееше во просториите на хидросистемот, а по сообраќајна несреќа, канцеларијата ја претвори во болничка соба. Вработените го лекуваа, негуваа, му менуваа катетер. По телевизиската сторија на Телма, беше иселен од канцеларијата, но остана на раководната позиција.

Сузана Мицева

Препорачуваме:

Трошоците на живот во јуни поголеми за 2,7 отсто, а цените на мало за четири

Стојне Митева

Почнуваат 16 дена активизам во борба против семејното и родово базирано насилство

Вирусните инфекции зачестени кај малите деца поради променливото време