• Wed. May 15th, 2024

Хелсиншки: Обвинителството на скандалозен начин ја спречи правдата за Тамара

Хелсиншки: Обвинителството на скандалозен начин ја спречи правдата за Тамара

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираа откако скопското јавно обвинителство одлучи да се откаже од гонење на поранешните директори на Фондот за здравствено осигурување за несовесно работење во службата за случајот со смртта на девојчето Тамара Димовска од Велес.

Тамара почина во 2015 година откако долго време чекаше парична помош од Фондот за здравство за операција на рбетот во странство. Случајот ја изреволтира македонската јавност, а граѓаните организираа повеќе протести на кои бараа одговорност за нејзината смрт.

Во продолжение реакцијата на Хелсиншкиот комитет ви ја пренесуваме во целост:

„Преквалификацијата, која ја направи основниот јавен обвинител на завршните зборови во случајот Тамара, во кривично дело за кое настапи апсолутна застареност за кривично гонење, ги сруши сите шанси за понесување одговорност за смртта на девојчето, кое почина чекајќи одлука од надлежните институции за лекување во странство.

На денешната јавна расправа, при давање завршни зборови, основниот јавен обвинител Анел Фидовски, направи правна преквалификација, односно промена на обвинителениот предлог, а за тројца обвинети се откажа од кривично гонење. Имено, јавниот обвинител се откажа од кривично гонење за директорите на Фондот за здравствено осигурување на РСМ и претседателката на управниот одбор на Фондот, затоа што смета дека тие немаат кривична одговорност како службени и одговорни лица во правното лице. За останатите обвинети, членови на првостепена и второстепена комисија, обвинителството направи правна преквалификација и наместо член 353 в од Кривичниот закон ,,Несовесно работење во службата’’, кривичното дело го преквалификува во член 86-б од Законот за здравствено осигурување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *