• Tue. May 14th, 2024

Женското претприемништво во земјава доби ISO стандард

Young business people working over a laptop computer and drinking coffee.

Женското претприемништво во земјава доби ISO стандард.

На иницијатива на Сојузот на стопански комори (ССК), Институтот за стандардизација на Македонија воведе посебен стандард за женско претприемништво со кој се влијае на создавање услови за поттикнување на активно вклучување на жената на пазарот на трудот преку отворање на сопствен бизнис.

-Примена на стандарди од женското претприемништво и работа може да придонесе во остварување подобри резултати на компании во кои доминантна улога имаат жените. Новиот MK IWA 34:2022 воспоставува збир на заеднички дефиниции поврзани со женското претприемништво, како што се оние за бизниси во сопственост на жени и бизниси предводени од жени. Овој документ, исто така, ги дефинира здруженијата предводени од жени и неформалните претпријатија предводени од жените, вели потпретседателката на ССК Габриела Кулебанова и упатува благодарност до Институтот за прифатената иницијатива.

Како што соопшти ССК, дефинициите за женско претприемништво кои ги дава стандардот може да се користат во подготовка на различни програмите за економско зајакнување на жените, за прибирање и обработка на меѓународно споредливи податоци за женското претприемништво вклучувајќи го и влијанието врз локалните и националните економии. Стандардот, исто така, дава критериуми за проценка на важни фактори поврзани со овие дефиниции, како што се сопственост, управување и контрола, но и како да се постапува со распределување со инвестиции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *