Регион

Хелсиншкиот комитет: За многу жени, домот е небезбедно место

Веднаш по донесувањето на првите мерки за заштита од вирусот КОВИД-19, Хелсиншкиот комитет посочи на ризикот од зголемување на семејното насилство во кризните услови со кои се соочуваме. Во неколку наврати Комитетот предупреди дека донесените мерки кои се засноваат на самоизолација, мора да бидат родовосензитивни и да ги имаат предвид сите аспекти на постоечките односи на моќ, за да не доведат до прекршување на правата на жените во нивните домови.

 

Изминатиов период, во медиумите излегоа објави за две убиства на жени од страна на интимен партнер, пред две недели во Арачиново] и пред два дена во Скопје. Фемицидот, или убиството на жена затоа што е жена, претставува најтешка форма на насилство врз жената, која е една од водечките причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво. Според истражувањата во нашата земја, во повеќе од 80% од случаите убиството се случило во заедничкиот дом или доколку била отпочната постапка за развод, во домот на родителите на жртвата, а во најголем дел од случаите убиството е извршено од страна на сегашен или поранешен партнер. Оттука, имајќи предвид дека најчестиот вид на фемицид е како последица на семејно насилство, домот може да претставува место на страв и насилство за многу жени и деца, што значително доаѓа до израз во случаите на изолација за време на пандемијата. Во случаи кога семејното насилство останува непријавено или пак, релевантните институции на жртвата не ѝ ја обезбедуваат соодветната заштита, поголема е веројатноста дека насилството ќе резултира со фемицид. Во нашата држава фемицидот не е препознаен како посебно кривично дело во Кривичниот законик и се квалификува како потежок облик на убиство, кога е сторено при вршење на семејно насилство. Оттука, останува проблематичен недостатокот на статистички податоци за фемицидите, за што најчест извор на неофицијални статистички податоци се известувањата и податоците на медиумите.

Препорачуваме:

Приведен струмичанец кој ја натепал невенчаната сопруга

Ѓ. K.

Во училиштата во струмичко-радовишкиот регион едни штрајкуваат други не

Сузана Мицева

Општина Василево ќе субвенционира набавка на инвертер клими