Свет

Хан ја поздрави средбата Заев-Ципрас

Еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан, на својот твитер профил ја поздрави средбата помеѓу премиерите на Македонија и Грција, Заев и Ципрас, нарекувајќи ја добра вест.

Според него, оваа средба значи храброст, визија и државништво. Хан смета дека решавањето на ова прашање кое трае предолго ќе биде добро за двете земји, регионот и за Европа.

Заев и Ципрас се сретнаа во рамките на Светскиот економски форум, а предвидено е македонскиот премиер да оствари средба и со Хан.

Препорачуваме:

Фајман: Меркел мора да се изјасни

План за ковид-пасоши

Сузана Мицева

Што да се прави на 19 март во 20.30 часот

Dimitar Micev