Регион

ФОТО – СТЕФАН ДЕЛЕВ ОД СОУ ,,НИКОЛА КАРЕВ ’’ ПОБЕДНИК И ЛИДЕР ВО МАКЕДОНИЈА ОД МАШИНСКАТА СТРУКА

Ученикот на СОУ ,, Никола Карев,, од Струмица – Стефан Делев го освои првото место на  на државниот натпревар ,,Лидер 2017,, во образовниот профил автомеханичар – мехатроничар а по освоениот број бодови, Делев стана  и ЛИДЕР меѓу учениците од машинската струка  од сите стручни училишта во земјава.

Тој се покажа како најдобар и на теоретскиот и на практичниот дел од натпреварот во конкуренција на средношколци  од 11 стручни училишта во Македонија – машинска струка. По тој повод  тој  ја  доби наградата од ЕВН и Центарот за развој на стручното образование на Р.М. а со дипломата и признанието ЛИДЕР во машинската струка за 2017 си ги отвара широко вратите на сите машински факултети во земјава.

Стефан Делев е ученик во четврта година при СОУ ,, Никола Карев ,, во Струмица,  од кое училиште на државниот натпревар ,,Лидер 2017,, имаше ученици натпреварувачи и во електро и сообраќајната струка.

На овој натпревар прво место освои и ученикот Васко Црнаковски исто така од СОУ ,, Никола Карев,, и тоа во образовниот профил – техничар за комјутерско управување но немаше доволно бодови за да биде прогласен за Лидер во својата струка.

Во рамките на проектот „Лидер 2017“ средното општинско училиште „Никола Карев“ беше домаќин на државниот натпревар за избор на најдобар ученик во струка од завршните години во стручното образование во електро, машинска и сообраќајна струка во Република Македонија. Натпреварот го отвори Јосиф Христов, член на Советот на општина Струмица.

Препорачуваме:

25 години Тв Канал Вис

Николовски: По локалните избори ќе се преговара за предвремени парламентарни избори

Со прекрасен концерт на Каролина Гочева обележан Денот на рударите во Радовиш

Ѓ. K.