• Mon. May 20th, 2024

Фото – Средношколците од Јане Сандански ги промовираа своите ,,компании,,

Струмичките средношколци од економската струка од Јане Сандански ги презентираа своите виртуелни компании. На плоштадот директно со граѓаните во улога на менаџери и како вработени ги презентираа својата производствена и услужна дејност. Ги убедуваа потрошувачите да бидат нивни клиенти. На импровизирани штандови се докажуваа како туристички агенции, производствени фирми, консалтинг услужни бироа.

Учениците кои го завршуваат средното образование како економски и банкарски техничари презентираа доста креативни идеи и иновативен пристап за промоција на пазарот, тврди професорката Јованка Михаиловиќ. Според неа, она што недостасува за овој образовен профил е практична настава и обука во реалниот сектор

Во средното училиште Јане Сандански во интерес на идните економисти беше отворена и виртуелна банка – шалтерски пункт, каде банкарските техничари се запознаваа со финансиските трансакции во поглед на штедењето и кредитирањето на физичките и правните лица со повеќе финансиски инструменти

kompanii ya y kompaa

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *