Регион

Велигденски хуманитарен марш на Младинскиот совет

Со велигденски хуманитарен марш, Младинскиот совет ги започна Велигденските активности. Под мотото „Да ја разбудиме хуманоста„ , заедно со ученици од основните и средните училишта тие маршираа низ струмичките улици. Почнаа од главната пошта, се движеа низ булеварот „Гоце Делчев„, се упатија кон општината и завршија на градскиот плоштад. Со овој марш го најавија и празничниот концерт кој годинава ќе се одржи во недела во Центарот за култура „Антон Панов“ со почеток во 20 часот.

Со хуманитарниот велигденски концерт, Младинскиот совет ќе ги заврши Велигденските активности за оваа година. На 24 април во недела, популарната Александра Јанева на струмичани ќе им подари едночасовно шоу, а средствата од влезниците кои чинат 100 денари, ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Инаку концертот и хуманитарниот марш се дел од програмата на Младински совет за 2015/16 година.

Препорачуваме:

Бројот на илегални преминувања на јужната граница и понатаму голем.

Од полноќ ќе точите бензин и дизел по поскапи цени

Стојне Митева

Министерството за внатрешни почна да дели прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа