Спорт

Фото и видео – Мики Тодоров трет на ридско брзинската трка во Крушево

Во рамките на манифестацијата ,,10 дена Крушевска Република,, викендов во Крушево се одржа ридско – брзинскиот натпревар на кој струмичанецот Мики Тодоров повторно се искачи на пиедесталот. Во својата конкуренција ( над 2000 кубика) на овој натпревар тој постигна трето најбрзо време со што го освои бронзениот пехар .  Прв беше  Ненислав Петковиќ а втор Атанас Христов. Тодоров со својата Опел астра,  патеката ја помина со време од 4 минути 27 секунди и 973 стотинки 

Натпреварот се одржа на  традиционалната и атрактивна патека која се протега на патниот правец ,, Острилци – Мечкин Камен,, во должина од 7.2 км. Трката беше дел од календарот на натпревари кои се бодуваат за државниот шампионат на Република Македонија во автомобилизам на ридски патеки.

Ова е втор успех за Тодоров од Дабиле кој својата професионална автомото кариера ја започна пред месец дена во клувот АКК,, Никола Карев,, од Скопје. Потсетување на трките во Кичево Тодоров го освои второто место….

Видеа од тренингот одржан на 4 август но и од чинот на прогласување во својата категорија…..

https://www.facebook.com/Limpex/videos/10204934941611225/

https://www.facebook.com/Limpex/videos/10204938114850554/

Препорачуваме:

Младите на струмичка Беласица на Равена Куп 2017 во Италија

Ване Трајков

Василево ќе гради повеќенаменско спортско игралиште во Дукатино

Ване Трајков

Видео – Дориев ем повреден, ем донесе победа на Академија Пандев

Ване Трајков