Регион

Финансиска полиција апелира да не се политизира акцијата во о.Струмица

Управата за финансиска полиција во рамките на своите надлежности утврдени со Законот за кривичната постапка и Законот за финансиската полиција, по допрен глас започна со обезбедување на целокупната документација за јавните набавки во општина Струмица за кои во јавноста веќе неколку дена се зборува дека се сомнителни и за кои постојат основи на сомневање дека се резултат на извршени кривични дела. Финансиската полиција за одземањето на оригиналната документација од повеќе тендери спроведени во рамите на општина Струмица, има обезбедено соодветна наредба од надлежниот суд согласно Законот за кривичната постапка, што значи дека не се точни иформациите во дел од медиумите дека се одзема оригинална документација без судски налог. Предмет на предистражната постапка се и повеќе правни субјекти кои имаат добиено тендери и имаат склучени договори со општина Струмица, се со цел да се утврди нивната евентуална инволвираност во местење на тендери и испумпување на буџетските пари на општината. Како орган кој согласно закон е задолжен да се бори за заштита на финансиските интереси на Република Македонија и нејзините граѓани, апелираме конкретниот случај со општина Струмица како и многу други случаеви за кои Финансиската полиција води предистражна постапка, воопшто да не се политизираат и да се остави време и простор на истражните органи да си ја завршат својата работа за која впрочем земаат и плата. Во интерес на целосно почитување на начелото на презумпција на невиност како и поради фактот што предистражната постапка е тајна, Финансиската полиција ќе се воздржи од било какви коментари или изјави во врска со постапките се до нивно конечно завршување.

Со почит,директор, Александар Тргачевски

Препорачуваме:

ВИДЕО: Експресниот пат Штип – Радовиш, ќе биде пуштен во употреба за четири месеци

Помина еден месец од најавата дека за 10 дена ќе се реотвори оглас за распределба на coц. станови

Во Струмица ќе се одржи трибината „Македонски труд – Европска социјална политика” во рамки на кампањата „Ние сме Европа“

Ѓ. K.