• Tue. May 14th, 2024

Фатен гевгеличанец кој побегнал од затворот во Идризово

ByЃ. K.

Aug 24, 2023

Вчера околу 18 часот на подрачје на Гевгелија, полицијата го привела 39-годишниот И.К. од с. Моин, гевгелиско, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што е наведено во соопштението, тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување скоро четири години од казната.

By Ѓ. K.