Регион

Фатени лицата кои малтертираа и ограбуваа двојки во паркирани возила кај Парк

Струмичката полиција приведе две момчиња од селото Баница кои изминативе денови вознемирувале и ограбувале млади двојки кои со автомобили биле паркирани кај спортската сала Парк. Двете лица на возраст од 24 и 19 години во неделата вечер после полноќ, насилнички и со закана кон двојките во возилата, одземале мобилни телефони и парични средства.

Момчињата од селото Баница се лишени од слобода и пред полицијата признале дека извесен период вршеле разбојништво врз двојки, кои со возила се паркирале кај спортската сала Парк во ноќните часови

По претресот кај двете лица во селото Баница пронајдени се паричниците и мобилните телефони кои им се вратени на оштетените. Лицата Д.Т.(24) и Г.С.(19) се предадени во Јавното обвинителство и се товарат за сторено кривично дело разбојништво кои заработија мерка притвор од 30 дена

Препорачуваме:

Костадинов: Се реализираат повеќе проекти во населеното место Банско

Ѓ. K.

Клубовите кои добија ваучер ќе добијат 3 милиони евра за да функционираат

Дојран врие од гости за Илинден

Сузана Мицева