Регион

Ученици од Никола Карев од Струмица преку еразмус + во грција, стекнуваа практични вештини од областа на текстилот

Девет ученици од СОУ „Никола Карев“ Струмица, од текстилно – кожарската струка, заедно со својата професорка и ментор, Милица Поповска, учествуваа на 14-дневен проект од областа на текстилот во Атина, Р. Грција.Проектот е дел од програмата на Еразмус + а носи наслов Empowering the Vocational Traning in the sector of Textile Engineering. Сите денови од нивниот престој во Атина, учениците имаа голем број активности во тамошните средни училишта, секако каде што е застапена текстилната струка, но и универзитетите од областа на текстилот и дизајнот. Таму, учениците имаа можност да се запознаат со многу новости и практики кои ќе им бидат од голема корист за во иднина, а и истите ќе ги споделат со своите соученици. Освен тоа, учениците имаа можност да посетат неколку стари , нови фабрики и погони за производство на природни материјали и конци. Меѓу другото, во овие 14 дена учениците имаа можност и за културолошки посети во Атина. Во однос на теоријата, нашите ученици покажаа многу посолидни знаења од областа на текстилот и дизајнот, но оваа посета им овозможи да добијат и да ги прошират своите практични знаења, бидејќи теоријата и праксата мора да бидат во одреден реципроцитет. Овој проект е од голема важност, не само за учениците, туку и за училиштето, бидејќи стекнатите знаења и вештини, тие сега може да ги спроведат тука, а секако и да се пренесуваат на генерациите кои допрва ќе се запишат да ја изучуваат текстилно-кожарската струка.

Препорачуваме:

Домаќинствата кои живеат на излезот од Василево кон Пиперево ќе може да се приклучат на фекалната канализација

Ѓ. K.

Искористени 43 илјади ваучери за туризам од 110 илјади изработени

Ване Трајков

Во четврток, промоција на Монографијата „Струмица и струмичко низ просторот и времето“

Сузана Мицева