• Tue. May 14th, 2024

Учениците од ОУ„Видое Подгорец“- Колешино во посета на Тв канал Вис

Медиумската култура, но и медиумската писмесност се учат од најмали нозе. Децата уште во училишна возраст треба да ги стекнат основните знаења за традиционалните но и современите медиуми, како правилно да ги користат и да се информираат преку нив. А особено, како да препознаваат релевантни извори на информирање и да се заштитуваат од лажните вести. Еден таков мини час по медиуска култура и медиумска писменост денеска одржавме со дваесетина ученици од основното училиште „Видое Подгорец“ од Колешино, коишто дојдоа во посета на нашиот медиум. Се запознаа со работата на медиумските работници, дружеа со новинарите, ги разгледаа студијта но и просториите каде што се пушта програмата во етер. Разговаравме на многу теми како и за предизвиците на модерното новинарство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *