• Sat. May 11th, 2024

Утре почнува второто полугодие, зимскиот распуст заврши

ByВане Трајков

Jan 22, 2023

Утре почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година и основците и средношколците со физичко присуство се враќаат на настава.

Претходно, зимскиот распуст беше продолжен, поради, како што посочија од Министерството за образование и наука (МОН), заштита на здравјето на учениците и заштеда на електрична енергија за греење.

МОН до Владата достави прелог за продолжување на зимскиот распуст во период од пет дена. Па така, Владата на 10 јануари го усвои предлогот учениците да се вратат во училишните клупи на 23 наместо на 18 јануари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *