Регион

Уапсен струмичанец кој шверцувал 28 мигранти од Сирија

На 8 септември на автопатот А1, на наплатна рампа „Демир Капија“ во правец Гевгелија-Скопје, од полициски службеници од Полициска станица Богородица е лишен од слобода Р.К. (32) од Струмица, кој превезувал мигранти.

Во товарното моторно возило „мерцедес спринтер“ со кочански регистарски ознаки, кое го возел, биле пронајдени 28 лица мигранти од Сирија.

За настанот е известен јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Центар за странци Гази Баба Скопје и ПТЦ „Винојуг“ – Гевгелија за понатамошна постапка Р.К. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Препорачуваме:

Во Струмица гласале 57,15% избирачи

Во август 24 настани во рамки на „Струмица-град на културата“

Сузана Мицева

Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во Струмица