• Fri. May 17th, 2024

Тужби за „Шанел“, „Ревлон“ и „Лореал“ дека нивни производи предизвикувале рак

Познатите козметички брендови „Шанел“, „Ревлон“ и „Лореал“ се откажуваат од употребата на талк (магнезиумов силикат) во своите производи, поради тужбите во САД дека предизвикуваат рак.

„Ројтерс“ пишува дека компанијата „Шанел“ го отстранила талкот од прашестите пудри за тело и за лице поради негативната перцепција за нејзиниот минерален состав, а судските документи го покажале тоа.

И компанијата „Ревлон“ го направила тоа, а „Лореал“  наоѓа некои други решенија и соодветна замена на талкот.

Талкот понекогаш се наоѓа во иста карпа со азбест, кој има силен канцероген ефект и се користи во илјадници различни козметички и производи за лична нега бидејќи апсорбира влага, спречува потење и ја прави кожата мека.

Илјадници тужби за рак, некои од 2013 година, се поднесени и против „Џонсон и Џонсон“ (J&J). Наводите на тужителите дека контаминацијата со азбест предизвикува карцином почнале во 2017 година.

извор: makfaks

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *