Регион

Три нови жртви на ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа 46 лица, од кои најголемиот број се од Скопје, а најмладиот е 28-годишен пациент, соопшти Министерството за здравство. Три жртви на возраст од 73, 75 и 83 години се од Струмица.

Изминатото деноноќие се регистрирани 504 нови случаи на корона-вирусот, од кои 12 се во Струмица.

Според податоците на министерството за здравство, во Струмица има и 12 оздравени пациенти.

Препорачуваме:

Струмичката болница се полни со Ковид позитивни пациенти

Поднесено обвинение за подмолно убиство во Струмица

Ване Трајков

Семејството Јорданови донираше 20 нови компјутери во ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица

Ѓ. K.