Регион

Трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта во Радовиш и Конче

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Препорачуваме:

Штабот за заштита и спасување на општина Струмица го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК-за сите економски оператори – маркети

Ване Трајков

Нема веќе паркирање до хотелот Централ – општината постави гумни столпчиња

Сузана Мицева

Детските градинки во Гевгелија се подготвуваат за отворање

Сузана Мицева